„Злетовица“ ќе наводнува 4.500 хектари обработливи ниви

Bez autora
Nov 07 2012

Со реализација на втората фаза од регионалниот хидросистем „Злетовица“ Општина Пробиштип доби можност за наводнување на 3.500 хектари обработливо земјиште, додека соседната Кратово таква можност наскоро ќе има за 1.070 хектари ниви во општинскиот атар. За овој потфат веќе е изработена физибилити студија, која деновиве беше предмет на дебата на заинтересираните институции и општини. Студијата ја изработи конзорциумот „Свеко“ од Шведска, а средствата се обезбедени преку грант од Европската инвестициска банка во висина од еден милион евра. Сите присутни во дебатата, меѓу кои имаше и крупни земјоделски производители беа едногласни дека со изградбата на втората фаза ќе се отвори ново поглавје во економскиот развој и во збогатениот социјален живот на населението од двете сиромашни и пасивни општини.

„Злетовица“ ќе наводнува 4.500 хектари обработливи нивиСо реализација на втората фаза од регионалниот хидросистем „Злетовица“ Општина Пробиштип доби можност за наводнување на 3.500 хектари обработливо земјиште, додека соседната Кратово таква можност наскоро ќе има за 1.070 хектари ниви во општинскиот атар.

За овој потфат веќе е изработена физибилити студија, која деновиве беше предмет на дебата на заинтересираните институции и општини. Студијата ја изработи конзорциумот „Свеко“ од Шведска, а средствата се обезбедени преку грант од Европската инвестициска банка во висина од еден милион евра.

Сите присутни во дебатата, меѓу кои имаше и крупни земјоделски производители беа едногласни дека со изградбата на втората фаза ќе се отвори ново поглавје во економскиот развој и во збогатениот социјален живот на населението од двете сиромашни и пасивни општини.

Браната „Кнежево“ е затворена и во неа се акумулираат водите од реката Злетовица. Првата фаза со која се обезбедува вода за пиење за шест општини од регионот со 120.000 жители е завршена и сега се поминува на втората фаза со која е предвидена изградба на систем за наводнување во двете општини. Третата фаза, пак, опфаќа изградба на пет до осум мали хидроцентрали со вкупна енергетска моќ од 50 милиони киловати. Целиот овој регионален водоснабдителен проект ќе биде исплатлив само доколку се реализираат сите три фази.

Во студијата на „Свеко“ се содржани и основните проекти на двете фази – за наводнување и за мали хидроцентрали. За реализација на втората фаза ќе бидат потребни 40 милиони евра, што е половина од сумата инвестирана во изградбата на браната и на 90 километри цевководи до општините Штип, Свети Николе, Лозово, Карбинци, Пробиштип и Кратово. „Свеко“ ќе го работи и финалниот документ за избор на изведувач на двете фази, по што ќе биде распишан меѓународен јавен тендер.

Уште со почетокот на изградбата на „Злетовица“ стана јасно дека овој проект ќе биде исплатлив само ако се реализираат сите предвидени фази. Посебно висока профитабилност и самоодржливост ќе се постигне со изградбата на хидроцентралите. Откако студијата покажа дека втората фаза за наводнување на нивите има економска оправданост, сега останува да се работи на третата фаза. А тоа значи да се бара инвеститор за изградба на хидроцентралите за што управата на „Злетовица“ смета дека ќе има заинтересирани.

Во ова во Пробиштип привршува изградбата на филтер-станицата, а во Штип забрзано се работи на реконструкцијата на таков објект за да може да ги прифати површинските води од системот „Злетовица“. Свети Николе одамна ја користи водата од регионалниот систем, додека отворено останува прашањето што ќе се случува во општините Карбинци и Лозово кои воопшто немаат филтер-станици.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik